24фудбал

Ќе ги стигне ли заморот, Хрватска има одиграно 100 минути и претрчано 117 километри повеќе од Франција

На Лужники во Москва, „Ватрени“ ќе излезат на мегдан со „Триколорите“ и ќе се обидат да стигнат до првата титула на Светските првенства, проблем за Хрватска на мечот може да биде заморот

СП 2018

Фудбалот денеска ќе добие нов светски шампион, Франција ќе атакува на втората титула по успехот пред 20 години, додека пак Хрватска ќе се обиде да испише нова историја и за прв пат да го подигне трофејот.

„Триколорите“ влегуваат како фаворит на овој меч, „Ватрените“ ќе бидат олабавени од психолошкиот товар но проблем може да им биде заморот.

На патот до завршницата, избраниците на Златко Далиќ играа продолженија во осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето, па имаат одиграно 100 минути и претрчано 117 километри повеќе од противникот.

На своите шест меча, Франција одиграла 580 минути и претрчала 607,5 километри, додека пак Хрватска одиграла 679 минути и претрчала 723,9 километри.

Лука Модриќ е играчот со најмногу минути на мундијалот (643) како и со најмногу претрчани километри (63).