24фудбал

Урнебесно: Манчестер Сити со еден твит ги насмеа фановите, се работи за Лукаку (ФОТО)

Англискиот првак доста сликовито ја објасни ситуацијата, а фановите се изнасмеаа на оваа реакција која беше една реална слика за тоа каков меч одигра Лукаку денеска.

СП 2018

Ромелу Лукаку одигра доста лош натпревар против Англија во битката за третото место на Светското првенство во фудбал кое се одржува во Русија.

Иако Црвените ѓаволи славеа на крајот со 2-0, сепак, за одбележување се ситуациите во кои се најде белгискиот напаѓач кој неколку пати беше активиран во опасната зона на Гордиот Албион, но, на крајот никако не успеваше да ја исконтролира топката.

Урнебесна реакција на социјалните мрежи имаше Манчестер сити, сепак, сево ова оди на сметка на напаѓачот на Манчестер јунајтед кој Мундијалот го заврши со 4 постигнати погодоци.

Каков пас од страна на Кевин Де Брујне!!! Лукаку ја загуби контролата...“ напиша англискиот шампион.