24фудбал

Освен во одбраната на Англија, дупки има и на чорапите на Роуз (ФОТО)

Чуден стил примени репрезентативецот на Гордиот Албион на своите чоради за мечот против Белгија, дали сево ова ќе мине со казна од Светската фудбалска организација, останува да видиме.

СП 2018

Белгија има водство од 1-0 по првото полувреме против Англија во дуелот за третото место на Светското првенство во Русија, а Гордиот Албион мака мачи со својата одбрана која тешко им парира на супер-квалитетните офанзивци на Црвените ѓаволи.

Освен што има дупки во одбраната на Англија, има дупки и во чорапите на Роуз, а која е причината што репрезентативецот на таа селекција се најде во едно вакво издание засега е непозната, но, останува отворено прашањето колку сево ова е дозволено од страна на ФИФА, па ништо чудно Англичанецот да мине со казна поради тоа.