24фудбал

Муние за рано водство на Белгија против Англија! (ВИДЕО)

Белгија прва до водство на мечот за третото место на Светското првенство во Русија, Пикфорд уште незагреан, мораше да ја вади топката од мрежата на својот гол.

СП 2018

Белгија ја совлада веќе еднаш Англија, и тоа во групната фаза од Мундијалот, а има нова можност да го повтори тој успех, и тоа на денешниот меч за третото место на турнирот.

Муние уште во петтата минута ја смести топката во мрежата од голот на Гордиот Албион за кого сигурно ова е почетен шок од кој ќе мораат да се вратат во продолжението од средбата.

Голот дојде по една нафрлена топка од страна на Чадли, Муние се најде на вистинското место а Пикфорд немаше можност да реагира нешто повеќе од тоа што го направи.