24фудбал

Далиќ: Нашиот народ заборави на сите проблеми, овие 25 дена живее гордо и среќно

Хрватска утре во дуел со Франција за светската титула од Мундијалот во Русија, селекторот на Коцкестите говори пред големото финале против стариот должник од 1998. година.

СП 2018

Златко Далиќ дојде на клупата на Хрватска под едно сомневање кај тамошната фудбалска јавност за тоа дали е направен вистинскиот избор околу селекторската позиција, но, тој ги надмина сите очекувања а веројатно и нема човек кој не упатува пофалби на негова сметка.

Селекторот на Хрватска во пресрет на финалето истакна дека без разлика на тоа дали неговиот тим ќе победи, или загуби, тоа ќе биде сеизмичко поместување во неговата земја.

Гледаме само дел од тоа што е во Хрватска, но навистина сме премногу горди и пресреќни кога гледаме колку луѓето во нашата земја се среќни покрај сите потешкотии. Нашиот народ заборави на сите проблеми, овие 25 денови живее повторно гордо и среќно. Без оглед на тоа дали ќе победиме или загубиме, тоа ќе биде потрес во Хрватска, сеизмички. Нашите навивачи се нашиот најголем мотив. Доколку бог дозволи, ќе има четири милиони на улиците утре и ќе ги надминеме Аргентина и Бразил по начинот на славјето“ рече селекторот на Коцкестите.