24фудбал

Почетни состави за Белгија – Англија: Мартинез со една измена во тимот, Саутгејт со нов среден ред

За нешто помалку од еден час ќе стартува дуелот за третото место на Светското првенство во Русија каде силите ќе ги одмерат двете поразени селекции од полуфиналето.

СП 2018

Белгија – Англија, тоа е дуелот за третото место на Мундијалот кој стартува со почеток од 16 часот, а веќе се познати и почетните состави на обете селекции.

Роберто Мартинез се одлучи на мечот против Гордиот Албион да настапи со проверени сили, единствената измена во тимот ја направи со тоа што прилика за докажување му дава на младиот Тиелеманс.

Од друга страна пак, Герет Саутгејт направи неколку промени во тимот, речиси целиот среден ред го смени, на местото на Хендерсон, Линдгард и Деле Али, во почетниот состав се најдоа Делф, Даер и Лофтус-Чек.

Белгија: Куртоа, Алдервирелд, Компани, Вертонген, Витсел, Де Брујне, Лукаку, Азар, Муние, Тиелеманс и Чадли.

Англија: Пикфорд, Роуз, Даер, Стоунс, Мегваер, Кејн, Стерлинг, Трипие, Џоунс, Делф и Лофтус-Чек.