24фудбал

Модриќ на прес за финалето, зборуваше за Ѓоковиќ

Капитенот на Коцкестите се осврна и на поддршката која неговиот тим ја доби од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, истакна дека го гледале Србинот на Вимблдон и му возвраќаат на поддршката.

СП 2018

Хрватска утре го игра најважниот фудбалски натпревар во својата историја, ќе ги одмери силите со Франција, стариот должник од 1998. година, во големото финале од Светското првенство во Русија.

Лука Модриќ често се споменува како број еден кандидат за Златната топка, но, тој вели дека индивидуалните награди не му се приоритет, број еден желба во моментов му е светската титула.

Фокусирани сме на тимски успех. Убаво е тоа што ме поврзуваат со „Златната топка“, но, најважно од сее да го освоиме Светското првенство, индивидуалните награди не ми се приоритет“ рече капитенот на Коцкестите во пресрет на дуелот со Коцкестите.

Модриќ се осврна и на темата која за момент го „стресе“ Балканот, но, на позитивен план, сите останаа без зборови по поддршката која на Хрватите им ја упати најдобриот српски спортист, тенисерот Новак Ѓоковиќ, а коментар на тоа имаше и Модриќ.

Го гледавме Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон. Ќе го гледаме и денес, ден пред нашиот натпревар. Му даваме огромна поддршка. Му благодариме на убавите зборови кои ни ги упати. Како што тој ни посакува среќа нам, така и ние нему“ рече Модриќ.

Реакција на поддршката на Ѓоковиќ имаше и Ракитиќ, проследете ја – ТУКА.