24фудбал

Модриќ на Мундијалот истрча како никој друг

Хрватот на свои 32 години ја воодушевува фудбалската јавност со својата борбеност на теренот, тоа е забележано и на Мундијалот.

СП 2018

Хрватска направи големо изненадување пласирајќи се во големото финале од Светското првенство во Русија, па така, во недела ќе ги одмери силите со стариот должник од 1998. година, селекцијата на Франција.

Секако дека Лука Модриќ е еден од најзаслужните за успехот на Коцкестите кои ќе се обидат да го подигнат светскиот пехар, а токму тој досега на овој Мундијал истрчал неверојатни 63 километри, или статистички околу 10 километри по меч, ниту еден друг фудбалер го нема тој учинок на турнирот досега.