24фудбал

Куртоа за Франција рече дека е анти-фудбалски тим, Гризман му возврати на тоа

Куртоа и Гризман за момент влегоа во војна на зборови, Белгиецот упати тешки критики за играта на Триколорите, а Гризман возврати на тоа негово мислење.

СП 2018

Франција дојде до посакуваната победа против Белгија во полуфиналната фаза од Мундијалот во Русија, Триколорите славеа 1-0, доволно за да изборат место во големото финале каде во недела ќе ги одмерат силите со Хрватска.

Тибо Куртоа, белгискиот голман упати тешки критики кон францускиот состав за кого истакна дека е анти-фудбалска екипа, на ова следеше и реакција од страна на францускиот офанзивец Антоан Гризман.

Тоа е само анти-фудбалски тим, напаѓачот игра на 30 метри од неговиот сопствен гол, повеќе би преферирал да загубам во четвртфиналето од Бразил, барем тоа беше екипа која сакаше да игра фудбал“ рече Куртоа, а доби и одговор од Гризман.

Дали Тибо Куртоа мисли дека игра во стилот на Барселона во Челси? Не се грижам за тоа воопшто во моментов, сакам втора ѕвезда да биде вметната на овој дрес, тоа е се“ му возврати Французинот.