Црногорците ги бие глас дека се мрзеливи луѓе, видеото кое доаѓа од оваа земја само уште еднаш потврдува дека има вистина во тоа.
Категорија: Видео 21.11.2017 14:59
Мрзеливоста ја буди креативноста, па економот на второлигашот од Цетиње, Ибар се досети како да ги постави корнер знаменцата а да не вложи голем напор.
Пред натпреварот со Језеро кој Ибар го доби со 1-0, економот со црвено „Фичо“ се провозе низ теренот и ги постави четирите знаменца на аглите од теренот.
Работата беше завршена додека фудбалерите се загреваа на почетокот на натпреварот, изум кој можеби ќе го следат и други црногорски екипи, но не веруваме дека и во други земји ова би можело да стане пракса.