24фудбал

Вардар избори место во групите од Лига Европа: Фенербахче на колена, македонскиот шампион испиша историја! (ВИДЕО)

Македонскиот шампион успеа да се пласира во групите од Лига Европа откако го елиминираше турскиот гигант Фенербахче.

Македонија

Вардар славеше сред Истанбул со 1-2 на гостувањето кај Фенербахче, и со тоа, по победата од 2-0 на домашен терен во Скопје, нашиот шампион успешно ја мина последната пречка во квалификациите за пласман во групите од Лига Европа, со што стана првиот македонски фудбалски клуб кој успеал да избори место во групите од некое елитно европско клупско натпреварување.

Првото полувреме ја одбележа доминацијата на домаќините, но и најголемата шанса во првите 45 минути игра која ја имаше Барсегјан на само три минути пред истекот на регуларните минути во првиот дел од играта.

Ерменецот биеше само во стативата од голот на домаќините, а можеше уште во тие моменти од средбата во Истанбул да ги реши сите дилеми околу патникот во групите од Лига Европа.

Претходно, Гачевски беше на висина на својата задача откако во неколку наврати со одлични интервенции ги одбиваше завршните напади на Фенербахче кој немаше некоја посериозна шанса за гол.

Како што почна првото, така почна и второто полувреме, само три минути игра им требаше на домаќините да дојдат до првата шанса, Атиф биеше од работ на казнениот простор но неговиот удар мина над пречката од голот на Вардар.

Гачевски го маѓепса голот на нашиот првак, а за тоа дојде и потврда уште еднаш, овој пат во 53. минута, кога вардаровиот голман мошне смирено реагираше откако Туфан биеше со глава непречен од никого.

Фенербахче поведе со 1-0 во дуелот со македонскиот првак Вардар со погодокот на Роман Нојштадтер во 61. минута. Домаќините со крајни напори успеаа да го скршат отпорот на вардаровата голмана која на чело со голманот Гачевски успешно се бранеше се до овој момент.


Македонскиот првак Вардар сепак успеа да израмни на 1-1, кратко траеше радоста на домаќините кои по само седум минути примија гол и работите се сведоа на реалност, историскиот пласман во групите од Лига Европа беше на повидок.

Грузиецот Џигаури беше стрелец на голот за историја во 68. минута, откако вардаровиот фудбалер со крајни напори успеа топката да ја внесе во голот на домаќините.


Барсегјан само три минути подоцна можеше да донесе и пресврт за Вардар, Ерменецот доби употреблива топка на работ на казнениот простор на домаќините, веднаш биеше но ја погоди само пречката од голот.

Во 84. минута Спировски го стави на нови маки голманот на домаќините, Камени, кој со крајни напори успеа да го одбрани неговиот удар.

Глигоров со голот во 91. минута ги постави конечните 1-2 од мечот во Истанбул по асистенција на Барсегјан во една прекрасно изработена контра.


Конечниот епилог на крајот гласеше 1-2, победа за нашиот шампион, со што се испишаа нови страници во историјата на македонскиот клупски фудбал.

Вардар: Гачевски, Џигаури (Којашевиќ 84’), Спировски, Блажевски (Муслиу 62’), Барсегјан, Велкоски (Глигоров 73’), Хамбарѕумјан, Николов, Новак, Фелипе и Брдаровски.

Мечот на „Шукру Сарачоглу“ арената го судеше полскиот арбитар Марчин Бонијек.