Легендата на англискиот фудбал, Пол Гаскоњ по којзнае кој пат го допира дното, овој пат „Сан“ лансираше вознемирувачки фотографии од популарниот „Газа“ како се шета во бањарка.
Категорија: Фото 11.07.2016 19:22
Поранешното златно момче на англискиот фудбал речиси цел живот води битка од зависност, најчесто од алкохолот, неколку пати до сега бил на чекор до смрт, но за среќа сеуште е жив.
Гаскоњ никако не може подолг период да остане трезен, постојано се лечи, и кога ќе се помисли дека е на вистинскиот пат, тој повторно ќе се најде во центарот на вниманието.
„Сан“ излезе со вознемирувачки фотографии од Гаскоњ кој облечен само во бањарка фатил такси во потрага по уште алкохол.