24фудбал

Гризман: Роналдо веќе ја освои „Златната топка“

Ѕвездата на Европското првенство, Антоан Гризман смета дека по освоениот пехар во Франција, нема дилеми дека Кристијано Роналдо ќе ја освои следната „Златна топка“

ЕУРО 2016

По одличниот настап на Европското првенство но и по игрите во дресот за Атлетико Мадрид, многумина типуваат дека Гризман може да се вмеша во битката за „Златната топка“, но тој смета дека таа веќе е во рацете на Роналдо поради двата најголеми трофеи оваа година.

„Трката за „Златната топка“ е завршена. Роналдо освои две големи натпреварувања оваа сезона“ - изјави Гризман.

Роналдо најпрво со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, а синоќа со Португалија победи на Европското првенство.