24фудбал

Големиот борец Пепе поврати од умор (ВИДЕО)

Пепе даде се од себе во финалето против Франција, одигра маестрален натпревар, беше прогласен за најдобар на теренот и и помогна на Португалија да го крене големиот трофеј. Дефанзивецот се исцеди до степен што поврати по последниот свиреж на судијата.

ЕУРО 2016

По повредата на Роналдо, Пепе ја превзема командата во тимот и го одигра еден од најдобрите натпревари во неговата кариера.

Дефанзивецот одигра маестрален меч, без да направи фаул, а неутрализираше многу обиди на француската рперезентација.

Се исцеди до последната капка пот, на крајот од мечот и поврати на теренот.