24фудбал

ЕУРО 2016 на УЕФА ќе и донесе профит од над 800 милиони евра

Европската куќа на фудбалот денеска ги објави последните проценки за финансискиот успех на Европското првенство

ЕУРО 2016

УЕФА предвидува дека приходите од ЕУРО 2016 ќе бидат околу 1,93 милијарди евра, што е за 34% повеќе во споредба со првенството од пред четири години.

Продажбата на ТВ правата донеле нешто над 1 милијарда евра, спонзорските договори 480 милиони евра и продажбата на билети и сместување околу 400 милиони евра.

Трошоците за ЕУРО 2016 изнесуваат околу 1,1 милијарда евра од кои, 650 милиони евра се за организација, 301 милион евра за награди, и 150 милиони евра наменети за обесштетување на клубовите кои ги ослободиле играчите.

Па УЕФА очекува профит од околу 830 милиони евра, од кои 600 милиони евра ќе бидат распределени на 55. членки, а 230 милиони ќе бидат потрошени на квалификациите за ЕУРО 2020.