24фудбал

Маскотата на Јуве ја пречека на аеродром маскотата на Баерн

Интересна приказна ни стигнува од Торино каде двете маскоти ширеа пријателство.

Фото

Маскотата на Јувентус, наречена едноставно Ј, со знак „добредојде“ чекаше на аеродромот крај Торино да пристигне нејзиниот гостин од Минхен, маскотата на Баерн која се вика Берни. Баварската маскота доаѓа по повод вторничкиот натпревар во рамките на Лигата на Шампиони помеѓу овие два клуба.