24фудбал

Меси се пофали со новото Ферари! (ФОТО)

Лео Меси брилијантно одговори на гласините дека на аукција купил Ферари вредно 32 милиони евра

Фото

Пред неколку дена на аукција во Париз беше продадено спортско Ферари од 1957 година за кое анонимен купец даде извонредни 32 милиони евра.

Набрзо почнаа да кружат гласини дека Лео Меси е човекот што ја платил оваа рекордна сума.

Гласините дури велеа дека ѕвездата на Барселона го „украл“ автомобилот пред неговиот голем ривал од фудбалските терени Кристијано Роналдо, кој исто така наддавал за Ферарито.

Аргентинецот сега на брилијантен начин одговори на ваквите стории.

Лео Меси на Инстаграм постави слика од една од играчките на неговиот син и напиша: „Новата кола што наводно сум ја купил”.