24фудбал

Воска со предност од два гола ќе патува во Ѓорче Петров

Воска со 2-0 го доби првиот полуфинален натпревар против Македонија Ѓорче Петров од Купот на Македонија кој се одигра денеска во Охрид.

Македонија

Воска и Македонија Ѓорче Петров одиграа рамноправен дуел во кој домаќините имаа еден блесок од две минути и благодарение на тоа обезбедија солидна предност пред реваншот.

Георгиев беше херојот на Воска, тој во 38. минута асистираше до Бајрами кој погоди со глава за 1-0, а две минути подоцна самиот Георгиев постигна гол за конечни 2-0.

Во второто полувреме Македонија Ѓорче Петров пропушти неколку шанси да постигне гол, а лесно можеше и Воска да казни и да дојде до поубедлива предност.

Реваншот е за две недели на стадионот во Ѓорче Петров.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.