24фудбал

Тренерот на Фулам посрамоти тројца свои фудбалери, ги извади во текот на првото полувреме! (ВИДЕО)

Необична замена се случи на натпреварот од Премиерлигата меѓу Нотингем форест и Фулам кој го добија домаќините со 3-1.

Англија

Фулам катастрофално го почна натпреварот, по 20 минути игра веќе губеше со 2-0, па тренерот Марко Силва направи досега невидена замена.

По половина час игра реши да извади дури тројца свои фудбалери, Лукиќ, Ивоби и Вилсон го напуштија теренот. На тројцата не им беше сеедно што излегуваат толку рано од игра, но тренерот на Фулам сакаше да ги казни за лошата игра, а психолошки да влијае и врз останатите фудбалери.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.