24фудбал

Свирежите од навивачите како да ги разбудија фудбалерите, Киеза и Влаховиќ го однесоа Јуве на чекор до финале (ВИДЕО)

Јувентус го совлада Лацио со 2-0 во првиот натпревар во полуфиналето во Купот на Италија, Киеза и Влаховиќ обезбедија солидна предност пред реваншот во Рим.

Италија

„Старата дама“ е во резултатска криза па откако вечерва резултатот на полувремето против Лацио во Купот на Италија беше 0-0, навивачите со свирежи ги испратија фудбалерите и Макс Алегри во соблекувалната.

Ова како да ги разбуди играчите во продолжението од мечот, па Киеза во 50. минута погоди за 1-0, а Влаховиќ во 64. минута зголеми на 2-0.

Јувентус до крајот имаше шанси и за поубедлива победа, но и вака си обезбеди солидна предност пред реваншот во Рим.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.