24фудбал

Њукасл испушти победа против Евертон, Тотнем остана без два бода кај Вест Хем (ВИДЕО)

Њукасл одигра само 1-1 против Евертон откако прими гол од пенал во финишот од мечот, градското дерби помеѓу Вест Хем и Тотнем заврши без победник и со поделба на бодовите.

Англија

Изминатиов викенд, Њукасл во драматичен финиш направи пресврт и славеше против Вест Хем, но вечерва избраниците на Хау испуштија победа во последните мигови од пресметката против Евертон.

Исак донесе водство за домаќините од 1-0 во 15. минута, но Калверт Луин во 88. минута реализираше пенал и се погрижи за поделба на бодовите.

Победник немаше и во дербито на Лондон помеѓу Вест Хем и Тотнем, гостите поведоа по пет минут игра, Џонсон донесе 0-1. Сепак, во 19. минута од мечот, Зума ја затресе мрежата по еден корнер за 1-1.

Истиот резултат гласеше и на дуелот помеѓу Барнли и Вулверхемптон, Нотингем Форест со 3-1 го совлада Фулам, додека пак Борнмут со минимални 1-0 славеше против Кристал Палас.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.