24фудбал

Здравков веќе не е тренер на Брегалница

ФК Брегалница спогодбено го раскина договорот со тренерот Горан Здравков поради лошите резултати, штипскиот клуб ќе побара нов шеф на стручниот штаб.

Македонија

Денеска уште една тренерска смена во македонските клубови, по веста дека Седлоски си замина од Работнички, доаѓа информацијата дека Здравков повеќе не е тренер на Брегалница.

„Фудбалскиот клуб Брегалница спогодбено се раздели со шефот на стручниот штаб Горан Здравков, по серијата негативни резултати на тимот во пролетниот дел од сезоната“, соопштуваат од клубот кој нема победа на последните шест меча.

Здравков вели дека од морални причини се повлекува од функцијата и изрази надеж дека Брегалница без него ќе ја оствари целта оваа сезона.

„Од морални причини се повлекувам од тренерската функција во Брегалница, затоа што искрено чувствувам дека сето тоа е единствено решение во интерес на клубот и градот кои заслужуваат далеку повеќе од својот миленик. Силно верувам во овој тим и фудбалерите на Брегалница за кои знам дека можат и мораат многу повеќе. Од срце им посакувам до крајот на сезоната да се изборат за целите и амбициите кои беа зацртани со стартот на сезоната, на радост на најверните навивачи на клубот“, вели Здравков по повлекувањето од тренерската функција.

Во наредните денови Брегалница најави дека ќе го назначи новиот тренер кој ќе има задача да избори опстанок.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.