24фудбал

Тиквеш се одбрани на Чаир, Шкупи не го искористи домашниот терен

Првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија меѓу Шкупи и Тиквеш кој се играше на Чаир, заврши без голови 0-0.

Македонија

Шкупи не успеа да го искористи домашниот терен за да создаде предност пред реваншот кој се игра во Кавадарци на 17 април.

Домаќините ја имаа иницијативата, но не успеаа да го скршат отпорот на Тиквеш кој дома си оди со посакуваниот резултат.

Шкупи напаѓаше, Тиквеш играше дефанзивно и се обидуваше со контра напади да го загрози голот на домаќините, но ниту еднаш не се затресе мрежата од двата гола.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.