24фудбал

Клуб од Премиерлигата тргнува по Малдини!

Легендата на италијанскиот фудбал, Паоло Малдини е прв кандидат за нов спортски директор на Њукасл.

Италија

Актуелниот спортски директор на Њукасл, Ден Ешворт е мета на Манчестер јунајтед и се очекува наскоро да се пресели на Олд Трафорд доколку двата клуба се договорат за висината на обесштетувањето.

Малдини е без работа откако беше отпуштен од Милан. Тој се поврзуваше со клубови од Саудиска Арабија, но Италијанецот преферира да остане во Европа.

Според „Газета дело Спорт“, Малдини е прв кандидат за нов спортски директор на Њукасл. Покрај него се споменуваат и Пол Мичел, поранешен играч на Саутемптон. Руи Педро од Бенфика, поранешниот спортски директор на Рома, Тијаго Пинто и Иго Виана од Спортинг.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.