24фудбал

Ајакс го отпушти извршниот директор затоа што купил акции од клубот

Ајакс му врачи отказ на генералниот директор, Алекс Крус, откако откри дека тој купил акции од клубот пред да биде назначен на функцијата.

Останато

Крис на почетокот од август минатата година беше именуван за нов генерален директор на Ајакс, а една недела пред да ја добие функцијата купил повеќе од 17.000 акции од клубот.

Надзорниот одбор овој потег го смета за издавање на клупски информации и кршење на законите, па го избрка директорот од работа.

„Сериозно сме вознемирени дека ова се случи во Ајакс. Ова е штетно за клубот и за оние на кои Ајакс им е во срцето. Потезите на Алекс Крус не се соодветни со тоа што ние се залагаме во клубот. Моментот во кој изврши купување на акции укажува на инсајдерско давање на информации. Такво кршење на законот не смее да се толерира, особено не кога станува збор за извршен директор. Надзорниот одбор внимателно ја разгледа ситуацијата и одлучи дека Алекс не може да остане на функцијата директор на Ајакс“, стои во соопштението на клубот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.