24фудбал

ПСЖ сака да му се одмазди на Реал Мадрид за трансферот на Мбапе, но...

„Светците“ се обиделе да го ангажираат Родриго и на еден начин да му се одмаздат на Реал Мадрид за трансферот на Килијан Мбапе, но Бразилецот нема желба да се пресели на „Паркот на Принцовите“.

Франција

Килијан Мбапе летоска ќе го напушти Париз, и само прашање на време е кога ќе биде соопштено дека се сели во Реал Мадрид.

ПСЖ се поготвува за живот без напаѓачот, разгледуваат неколку алтернативи и во бележникот имаат играчи како Виктор Осимен од Наполи, Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, Рафаел Леао од Милан и Луис Диаз од Ливерпул.

Последните информации велат дека „светците“ изготвиле план за одмазда кон „кралевите“ и се обиделе да го ангажираат Родриго.

Но како што пренесува Кадена СЕР, Бразилецот нема желба да се пресели на „Паркот на Принцовите“. И покрај тоа што се навестува дека неговата минутажа ќе се намали по трансферот на Килијан Мбапе, Родриго сака да остане на „Бернабеу“, па кажал НЕ на неколку понуди.

Покрај ПСЖ, интерес за неговите услуги пројавиле и Арсенал, Ливерпул, Манчестер Сити и Манчестер јунајтед.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.