24фудбал

Интер поведе со гол од офсајд, еве зошто ВАР не се огласи (ВИДЕО)

Интер синоќа го совлада Емполи со 2-0 и се врати на +14 во однос на Милан, но голот за водство носи контроверзија, Турам беше во офсајд на зачетокот од акцијата.

Италија

„Нероаѕурите“ ја задржаа убедливата предност од 14 бодови пред второпласираниот Милан, и само прашање на време е кога ќе го освојат Скудетото, кое ќе биде јубилејно 20-то и ќе ја донесе втората ѕвезда на дресот.

Избраниците на Симоне Инзаги синоќа го совладаа Емполи, Димарко и Алексис Санчез донесоа победа од 2-0.

Но голот за водство носи контроверзија, на зачетокот од акцијата, Турам беше во офсајд кога доби долга топка од Павар. Сепак, ВАР не се огласи, односно правилата ја спречија видео технологијата да интервенира.

Имено, Турам го загуби поседот на топката, а гостинскиот играч Берешински ја расчисти топката без да биде под притисок или опкружен од играчи на Интер, ова се смета за нова акција, па ВАР не можеше да го поништи голот на Димарко, кој убаво погоди на асистенција на Бастони.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.