24фудбал

Тешки критики за Халанд: Личи на фудбалер од четврта лига!

Легендата на Манчестер јунајтед, Рој Кин упати тешки критики на адреса на Ерлинг Халанд, вели дека напаѓачот е убинствен во шеснаесетникот, но неговата игра во целина е како на фудбалер од четвртата лига.

Англија

Ерлинг Халанд минатата година се промовираше како еден од најдобрите голгетери во Премиерлигата и собори многу рекорди.

Но напаѓачот синоќа се мачеше против Арсенал, врза три меча без гол во Премиерлигата, па доби доста критики.

Најжесток во нападите беше Рој Кин, кој има многу замерки за тоа како Ерлинг Халанд се однесува на теренот кога Манчестер Сити ја гради играта.

„Нивото на неговата игра во целина е многу ниско, и не само денеска. Да, тој пред противничкиот гол е најдобар во светот, но играта во целина му е многу лоша“ - вели легендата на Манчестер јунајтед.

„Мора да го подобри овој аспект, личи на фудбалер од четврта лига. Неговата игра во целина мора да се подобри“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.