24фудбал

Дел од играчите на Челси бараат нов тренер!

Помина уште еден лош викенд за Челси, сините со играч повеќе на домашен терен не успеаа да го победат Барнли, а тоа дополнително го разниша столчето на Маурисио Покетино.

Англија

Англиските медиуми пишуваат дека дел од играчите на Челси им соопштиле на сопствениците дека би сакале Маурисио Покетино да биде заменет по крајот на сезоната.

Челси потроши многу пари во изминатите преодни рокови, но тимот е на 11. место на табелата и покрај тоа што не настапува во Европа, па може да се фокусира само на домашните натпревари.

Притисокот врз Покетино е сѐ поголем и тешко дека ќе може да ја задржи работата доколку не влезе во серија добри резултати до крајот на сезоната.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.