24фудбал

Родриго со два прекрасни гола го врати Реал на +8 во однос на Барса (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 2-0 го совлада Атлетик Билбао, Родриго со два прекрасни гола ги предводеше домаќините до три бода и +8 во однос на Барселона.

Шпанија

Во претпоследниот натпревар од 30. коло во Ла Лига, Реал Мадрид на „Бернабеу“ ја доби пресметката против Атлетик Билбао.

Родриго со два прекрасни гола ги предводеше домаќините до три бода и +8 во однос на Барселона.

Резултатот беше отворен во 8. минута, Родриго одлично си направи простор за шут и од врвот на шеснаесетникот биеше неодбранливо за 1-0.

Напаѓачот во 73. минута ги реши сите дилеми околу победникот, по еден брз против напад, Бразилецот одлично го исфрли од игра противничкиот дефанзивец и рутински реализираше по земја на првата статива за 2-0.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.