24фудбал

Без голови на дербито меѓу Сити и Арсенал на радост на Ливерпул

Манчестер Сити и Арсенал одиграа тврд натпревар без многу шанси за гол кој заврши 0-0, ваквиот резултат му одговара на Ливерпул кој останува осамен на врвот во Премиерлигата.

Англија

Манчестер Сити имаше поголем посед на топката, но Арсенал одлично се бранеше, јалови беа нападите на домаќините.

Имаше периоди од мечот кога Арсенал имаше свои моменти пред голот на Сити, но ниту еден тим не само што не даде гол, туку не создаде ниту идеална шанса за такво нешто.

На ова реми најмногу се израдува Ливерпул кој е осамен на врвот со 67 бодови, Арсенал е втор со 65, Манчестер Сити има 64 на третото место.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.