24фудбал

Ливерпул со пресврт до победа над Брајтон, прв триумф на Клоп против Де Зерби (ВИДЕО)

Ливерпул со 2-1 го совлада Брајтон, за Јирген Клоп ова беше прв добиен меѓусебен дуел со Де Зерби во Премиерлигата.

Англија

Мечот почна шокантно за Ливерпул, Брајтон со гол на Велбек уште во втората минута дојде до водство на Енфилд од 1-0.

Тој резултат беше актуелен до 27. минута кога Диаз изедначи на 1-1, со нерешено се замина на одморот.

Победата за Ливерпул ја донесе Салах со гол во 65. минута од натпреварот, а по асистенција од Мекалистер кој претходно го носеше дресот на Брајтон.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.