24фудбал

Лудо реми на мечот меѓу Брентфорд и Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Брентфорд и Манчестер јунајтед одиграа 1-1, двата гола беа постигнати длабоко во судиското продолжение, тимот на Тен Хаг од една страна може да биде среќен што не загуби, а од друга да биде разочаран што не победи.

Англија

Брентфорд беше далеку подобар во текот на целиот меч, дури трипати ја погоди конструкцијата од голот на Јунајтед, имаше многу шанси кои не ги искористи.

Но, Манчестер јунајтед поведе во 96. минута преку Мејсон Маунт (Голот видете го на овој ЛИНК). Во тие моменти се мислеше дека стигнала казната за сите промашувања на домаќините и тимот од Олд Трафорд ќе ги однесе трите бода.

Меѓутоа, три минути подоцна Ајер даде гол за и тоа како заслужен бод за Брентфорд, мечот заврши 1-1. (Голот видете го на овој ЛИНК)


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.