24фудбал

По пауза од десет години Борусија Дортмунд го победи Баерн во Минхен! (ВИДЕО)

Баерн Минхен беше поразен со 2-0 од Борусија Дортмунд во големото дерби од Бундеслигата, Леверкузен сега има 13 бода предност на врвот.

Германија

Адејеми во 10. минута го матираше голманот на Баерн за водство од 1-0, по што Кејн во 23. минута пропушти огромна шанса и промаши цел гол од пет метри.

Актуелниот германски шампион напаѓаше во вториот дел, но Рајерсон во 83. минута ги откажа од битката за бодови и ги постави конечните 2-0 за „милионерите“.

Во самиот финиш Кејн даде гол, но ВАР му го поништи поради офсајд.

Ова беше прва победа за Борусија Дортмунд во Минхен против Баерн по пауза од десет години.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.