24фудбал

Секулов дебитираше за Јувентус, Лацио победи со гол во 93. минута во првиот меч под водство на Тудор! (ВИДЕО)

Лацио во првиот меч со Игор Тудор како тренер со 1-0 го победи Јувентус со гол на Марушиќ во 93. минута, фудбалерот со македонското потекло, Никола Секулов, ги одигра првите минути во Серија А.

Италија

Никола Секулов е роден во Пијаченца, неговите родители се Македонци, тој има настапи за Македонија У17, но потоа се одлучи да настапува за младинските селекции на Италија.

Пред извесно време беше повлечен од Кремонезе каде беше на позајмица од Јувентус, а денеска ги одигра првите минути во Серија А.

Секулов во игра влезе во 80. минута од натпреварот на местото од Моисе Кин.

Лацио го доби дербито со гол на Марушиќ во 93. минута од натпреварот, погоди со глава по убава асистенција од Гендузи.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.