24фудбал

УЕФА им забрани на фановите на ПАОК да одат во Загреб!

УЕФА донесе одлука за забрана на присуство на гостински навивачи на мечот од осминафиналето од Конференциската лига меѓу Динамо Загреб и ПАОК.

Останато

Првиот осминафинален меч меѓу Динамо Загреб и ПАОК се игра на 7. март, а реваншот е во Солун седум дена подоцна.

УЕФА на фановите на ПАОК им забрани да патуваат во Загреб поради индидентите кои се случија во Атина меѓу навивачите на Динамо Загреб „Бед Блу Бојс“ и фановите на АЕК во квалификациите од ЛШ.

Тогаш на 8. август во навивачка битка на улиците во Атина беше убиен Михалис Катсурис. Поради тој инцидент претходно УЕФА донесе одлука да им забрани на навивачите на Динамо Загреб да одат на гостувања до крајот на сезоната во сите европски натпреварувања.

Тоа значи дека и двата меча меѓу Динамо и ПАОК ќе се играат без гостински навивачи.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.