24фудбал

Македонија У19 со иста мерка ѝ се реваншираше на БиХ

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ја совлада Босна и Херцеговина со 2-0 во вториот пријателски натпревар кој се играше на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Македонија

Со головите на Каба Јакупи во 52. минута и Фикрет Љуварека во втората минута од судиското продолжение, Македонија У19 со 2-0 ја совлада Босна и Херцеговина У19.

Ова беше втор пријателски меч меѓу овие селекции, пред два дена ние загубивме од Босанците со идентични 2-0.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.