24фудбал

Да не беше Нејмар, Дани Алвеш ќе заглавеше во затвор многу подолго

Дани Алвеш ќе треба да му се заблагодари на Нејмар што помина само со четири ипол години затворска казна, позајмицата од 150.000 евра помогна да се намали затворската казна.

Останато

Вториот најтрофеен фудбалер на сите времиња денеска е топ тема на медиумите, но не поради неговите успеси на терените, Дани Алвеш беше осуден на четири ипол години затвор поради силување девојка во Барселона.

По пресудата, реакции пристигнуваат од сите страни, и има доста критики за одлуката на судот да биде изречена затворска казна од само четири ипол години.

Една од причините за ваквата пресуда лежи во законската регулатива според која обвинетиот пред почетокот на судењето може да плати одредена сума на пари за „компензација за ублажување на предизвиканата штета“ и на тој начин да добие поблага казна.

Дани Алвеш го стори токму ова, и тоа со помош на Нејмар, кој му излегол во пресрет на својот пријател и му префрлил 150.000 евра.

Добро упатените во ваквите процеси велат дека Дани Алвеш ризикувал да добие казна помеѓу 6 и 9 години затвор доколку не ја плател оваа сума пред почетокот на судењето, па сега нема да заглави толку долго зад решетки.

Други пак сметаат дека ова не е праведно и посочуваат дека оние кои имаат пари фактички си купуваат поблага пресуда.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.