24фудбал

Почнаа шпекулациите за наследникот на Тухел, едно име веднаш се одвојува

Не требаше многу време за да почнат шпекулациите кои ќе го наследи Томас Тухел на клупата на Баерн Минхен, како апсолутен топ кандидат се посочува Чаби Алонсо.

Германија

Баерн Минхен е во потрага на нов тренер, „баварците“ денеска со Томас Тухел се договориле да ја прекинат соработката по крајот на сезоната.

Па почнаа да кружат гласините за наследникот на Томас Тухел, и едно име веднаш се одвојува.

Неколку извори пренсуваат дека апсолутен топ фаворит е Чаби Алонсо, кој три сезони настапуваше на „Алианц Арена“.

И обложувалниците му даваат најдобри шанси на Шпанецот да стане нов тренер на Баерн Минхен.

Како други опции се споменуваат Јирген Клоп, Жозе Мурињо, Зинедин Зидан, Антонио Конте и Оле Гунар Солшер.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.