24фудбал

„Мбапе со мене ги гледаше сите натпревари на Евертон, Меси пак ми се смееше и се чудеше“

Идриса Геј очигледно е страсен навивач на Евертон, па во соблекувалната на ПСЖ му се чуделе како може да ги следи натпреварите на „карамелите“.

Останато

Идриса Геј во 2019 го напушти Евертон и се пресели во ПСЖ во зделка вредна околу 30 милиони фунти, но „карамелите“ му останале при срце, па редовно ги следел нивните натпревари, понекогаш и на мобилен телефон во соблекувалната.

Тој сега открива како ѕвездите на ПСЖ му се чуделе, а Килијан Мбапе бил еден од ретките кои му правеле друштво.

„Мбапе знаеше да седне и да гледа со мене, можам слободно да кажам дека ги гледаше сите натпревари. Меси не баш. Ми беше тешко бидејќи губевме (Евертон) често, и Меси ќе дојдеше и ќе ми кажеше, „Не ме зафркавај, ги гледаш а тие играат лошо и губат цело време...“ но, беше забавно“ - вели Сенегалецот, кој во 2022 се врати на Гудисон Парк.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.