24фудбал

Што ќе се случи доколку голман добие син картон?

По најавата за воведување на син картон, љубителите на фудбалот запрашаа дали ова правило ќе важи и за голманите и што ќе се случи доколку голман добие син картон.

Англија

Минатата недела беше објавено дека Меѓународниот комитет на фудбалски асоцијации дал амин за да се тестира примена на „син“ картон.

Идејата е син картон да се покаже на фудбалер кој ќе претера со протестите, или пак ќе направи неспортски прекршок, одосно ќе спречи ветувачки напад/контра, а како казна, ќе биде исфрлен од игра на 10 минути.

По ваквите написи, љубителите на фудбалот се запрашаа дали ова правило ќе ваши и за голманите, и што ќе се случи доколку голман добие син картон.

Телеграф пренесува дека според сегашните протоколи, и голман ќе може да добие син картон. При една ваква ситуација, работите се коплицираат со оглед на тоа дека фудбалерот кој ќе добие син картон не може да биде заменет се додека не ја отслужи во целост казната.

Па тренерите ќе бидат во дилема, односно дали некој играч ќе стави ракавици и ќе застане помеѓу стативите, или пак да направат измена, односно од игра да повлечат играч и да вметнат голман, па откако ќе помине казната од 10 минути, да направат нова измена, односно да вметнат нов играч на местото на еден од голманите.

Ова може да донесе прилично смешни моменти, особено ако претходно бидат искористени сите замени.

Телеграф додава дека син картон нема да биде покажан на тренерите.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.