24фудбал

Јувентус загуби од Удинезе и полека го губи чекорот со Интер во трката за Скудетото! (ВИДЕО)

Јувентус го губи чекорот со Интер, по ремито трет меч по ред е без победа, овојпат загуби на свој терен од Удинезе со 1-0.

Италија

По ремито со Емполи и поразот од Интер, Јуве денеска целеше на враќање на победите, но ништо од тоа, тимот на Алегри остана без бодови на свој терен против Удинезе.

Клучниот момент се случи во 25. минута кога Џанети најдобро се снајде во шеснаесетникот на Јуве и даде гол за водство на Удинезе од 1-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Фудбалерите на Јувентус имаа доволно време да дојдат барем до реми, но не успеаа да го најдат патот до мрежата на гостите.

Јувентус има седум бода помалку од лидерот Интер кој има и натпревар помалку.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.