24фудбал

Буфон: Со ѕвездите на ПСЖ, во Јувентус ќе освоевме 4 трофеи во Лигата на шампиони

Џиџи Буфон вели дека се чудел кога влегов во соблекувалната на ПСЖ и ги видел сите тие фудбаски ѕвезди, и додава дека со такви имиња во Јувентус сигурно ќе триумфирале во Лигата на шампиони.

Останато

По 17 години поминати во „бело-црниот“ дрес, Џиџи Буфон во 2018 го напушти Јувентус и се реши за авантура во ПСЖ.

„Во Јувентус имаше квалитетни играчи, но кога пристигнав во ПСЖ, си реков „Мама миа“. Доколку сите овие играчи ги донесеме во Торино, сигурно ќе триумфираме во Лигата на шампиони, би рекол ќе триумфираме четири години по ред. Но како и во се друго, имате позитивни и негативни страни“ – вели поранешниот голман.

„Играчи како Мбапе, Нејмар, Верати, Тијаго Силва и Маркињос, тоа беше неверојатна глетка во соблекувалната, но често се чудев како не можат да триумфираат во Лигата на шампиони, ми изгледаше невозможно“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.