24фудбал

Легендата на Баерн ја оспорува работата на Чаби Алонсо: Му се посреќи со трансферите, никој не ги знаеше Бонифејс и Грималдо

Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес вели дека среќата е голем фактор за одличната сезона на Баер Леверкузен, додава дека никој претходно ни ги знаел Бонифејс и Грималдо, а тие се промовирале во екстра засилувања.

Германија

Баер Леверкузен има одлична сезона, „фармацевтите“ се уште немаат доживеано пораз, а изминатиов викенд му одржаа лекција на Баерн Минхен, го совладаа со 3-0 и се одлепија на +5 на врвот на табелата.

Па од сите страни пристигнуваат пофалби за работата на тренерот Чаби Алонсо, и како тој ги склопи коцките.

Но поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес го оспорува ефектот на Шпанецот и вели дека среќата е голем фактор за одличната сезона.

„Чаби Алонсо има играчи кои му одговараат на стилот на игра. Но имаа доста среќа со трансферите. Никој не знаеше кој е Виктор Бонифејс, никој не знаеше кој е Алекс Грималдо“ – вели легендата на „баварцит“.

„Треба да ви се посреќи кога играч доаѓа во нова земја, во нов клуб и остава таков белег врз играта“.

Алекс Грималдо пристигна во Баер беспари, левиот бек оваа сезона има 10 погодоци и 11 асистенции во сите натпреварувања.

Виктор Бонифејс беше купен за нешто над 20 милиони евра, напаѓачот зад своето име има 16 погодоци и 8 асистенции на сите натпревари.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.