24фудбал

Автомобил удрил во автобусот со фудбалери на Реал Мадрид!

На патот до Лајпциг автобусот со фудбалерите на Реал Мадрид имал непријатен момент откако бил удрен од автомобил Тојота Авенсис.

Лига на Шампиони

Кралевите утре му гостуваат на Лајпциг во меч од Лигата на шампионите. Утринава од Мадрид тргнаа со авион до Ерфурт, а од таму со автобус до крајната дестинација.

Додека патувале со автобусот, во нив удрило патничко возило „Тојота Авенсис“. Сообраќајката се случила кога автомобилот се обидел да промени лента.

Во сообраќајката нема повредени, има само материјална штета на возилата од неколку илјади евра.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.