24фудбал

Вардар се засили со играчи од Хрватска и Гамбија

Вардар денеска објави две нови засилувања, се работи за хрватскиот дефанзивец Михаел Бришки и гамбискиот напаѓач Кеба Кебел Сусо.

Македонија

Во пролетниот дел од сезоната Вардар ќе води жестока битка за опстанок, па раководството на клубот прави напори да создаде конкурентен тим. Денеска се промовирани две странски засилувања.

25-годишниот Хрват, Михаел Бришки стави потпис на договор со Вардар. Тој игра на позициите дефанзивен играч од средниот ред и централен дефанзивец.


Потекнува од младинската академија на Динамо Загреб со која настапувал во младинската Лига на шампиони, а во својата кариера настапувал и за екипите на Табор Сежана (Словенија), Сесвете (Хрватска), а во нашите редови доаѓа од екипата на Санџулијано од италијанската Серија Д каде изминатата полусезона настапи на 21 натпревар.  Бришки има настапувано за репрезентација на Хрватска во селекциите до 17 и 19 години. 

Договор со Вардар потпиша и 26-годишниот Кеба Кебел Сусо кој доаѓа од Гамбија, а настапува на позицијата напаѓач. Тој во Скопје доаѓа од екипата на Јадран Декани од Словенија каде постигна 7 голови на 12 натпревари,  а во досегашниот тек на кариерата настапувал и за екипите на Атард и Викторија Хотспурс на Малта. 


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.