24фудбал

Лани го победи ракот, сега на својата земја ѝ донесе голем трофеј!

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але за само две години од пеколот стигна до рајот, тој беше најзаслужниот за титулата на Брегот на Слоновата Коска на Африканскиот куп на нации.

Останато

Во јули 2022 година на Себастијан Але му беше дијагностициран рак на тестиси.

Минатата година во февруари тој го победи ракот и му се врати на фудбалот, повторно заигра за Борусија Дортмунд.

Овој февруари, на Африканскиот куп, најпрво во полуфиналето постигна победнички гол, а синоќа во финалниот меч даде погодок за победа над Нигерија и ја донесе круната на Брегот на Слоновата Коска на првенството кое тие го организираа.

Животот на Себастијан Але за кратко време му донесе вистински ролеркостер од емоции, од борба со рак до континентален шампион.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.