24фудбал

Арсенал го прегази Вест Хем, Манчестер јунајтед победи на Вила Парк (ВИДЕО)

Арсенал со фантастични 6-0 победи на гостувањето кај Вест Хем, Манчестер јунајтед со 2-1 славеше кај Астон Вила.

Англија

Момците на Артета одиграа неверојатен натпревар и му дадоа дури шест гола на градскиот ривал, Вест Хем.

Сака погоди двапати, по еднаш во првото и второто полувреме, стрелци на голови беа и Салиба, Габриел, Тросар и Рајс.

Значајна победа оствари и Манчестер јунајтед кој со 2-1 славеше на гостувањето кај Астон Вила.

Хојлунд донесе водство во 17. минута, Даглас Луис во 67. минута изедначи на 1-1. На четири минути до крајот Мектоминеј реализираше за победа на Јунајтед од 2-1.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.