24фудбал

Мурињо учи германски, сака да биде тренер на Баерн Минхен!

Според германскиот весник „Билд“, Жозе Мурињо би можел да биде наследникот на Томас Тухел на кормилото на Баерн Минхен.

Германија

Раководството на Баерн Минхен е разочарано од работата на Тухел, по шокантната елиминација во Купот на Германија, полека го губат и чекорот со Баер Леверкузен во трката за титулата во Бундеслигата.

Иако јавно му даваат поддршка на Тухел, раководството на клубот разгледува можност и за иден тренер. Засега е мистерија кој ќе биде тоа.

Според „Билд“, Жозе Мурињо посакува да стане тренер на Баерн Минхен и веќе почнал да учи германски јазик.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.