24фудбал

Милер го искористи необичниот потег на Грималдо за да ги уништи соиграчите: Немаме мад*ња!

Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер не се штедеше по поразот од Баер Леверкузен, им порача на своите соиграчи дека немаат мадиња, не се доволно креативни и не превземаат ризик.

Германија

Чаби Алонсо и Баер Леверкузен вчера му одржаа лекција на Баерн Минхен, славеа со 3-0 во големото дерби и избегаа на +5 на врвот на табелата.

По крајот на натпреварот, Томас Милер беше разочаран од изданието и жестоко ги критикуваше своите соиграчи.

„Погледнете како игра Баер, не се сите движења планирани, Грималдо во еден момент се појави по десната страна. Играат едноставно, креативно, играат фудбал и бараат решенија“ – вели напаѓачот.

„Ние имаме додавање од А до Б, од Б до Ц, никој нема слобода, никој не се обидува да ризкува. Мора да се обидеме да бидеме креативни. Да, и ние знаеме да бидеме креативни, но не на натпревари, каде има притисок. И токму тоа го очекувам од Баерн и од овој тим“.

„Ме иритира тоа што овој тим покажува подобар пристап на тренинзите, кога играме храбро и слободно“.

„Паметам една фраза на Кан, „Мислам дека немаме мадиња!“. И тој е во право. Да, може да чувствуваме притисок, но притисокот треба да ни даде енергија. Во овој состав има доволно играчи од интернационален калибар, па не треба да говориме како тренерот е виновен“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.